500x100-1
30. 08. 2010 14:19

Три претстави на Кумановско културно лето

Три претстави на Кумановско културно лето

 Во рамките на Кумановско културно лето во наредните три дена кумановчани ќе имаат можност да погледнат три претстави.

 Вечерва во младинскиот културен центар „Козјак„ ќе настапи копродукцијата на театарот "Антон Панов" од Струмица со претставата "Молба до господ". Утревечер ќе се гостува Драмски театар од Скопје со претставата "Догодина во исто време", а во среда ќе се претстави кумановскиот театар со претставата „Душучки„.

Почетокот на претставите е закажан за 20.30 часот, а влезот е слободен.