×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Триесет и седма седница на Советот

    13.12.2010 09:30 | KumanovoNews

     Седницата ќе се одржи утре во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10:00 часот.

    Триесет и седма седница на Советот

     Дневен ред

    1.Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП ‘‘Водовод‘‘ – Куманово од 01.07.2010 – 30.09.2010 година;

    2.Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП ‘‘Куманово - Гас ‘‘-Куманово од 01.07.2010 – 30.09.2010 година;

    3.Извештај за деловно финансиско работење на ЈП ‘‘Чистота и зеленило‘‘-Куманово за период Јули – Септември 2010 година;

    4.Програма за одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2011 – та година;

    5.Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2011-та година;

    6. Динамичен план за изнесување на смет во Куманово;

    7.Предлог- Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП ‘‘Чистота и зеленило‘‘ – Куманово за продажба на расходовано основно средство по пат на јавно надавање;

    8.Предлог- Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени на услуги кои ги врши ЈП ‘‘Чистота и зеленило‘‘ – Куманово;

    9.Финансиски извештај за работа на ЈП ‘‘Пазаришта‘‘- Куманово за периодот Јули – Септември 2010 година;

    10.Програма за работа на ЈП ‘‘Пазаришта‘‘ – Куманово во 2011 година;

    11.Предлог- Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП ‘‘Пазаришта‘‘ за      определување на пазарни денови на Добиточниот пазар во с. Долно Којнаре;

    12.Извештај за финансиски резултати на ЈП ‘‘Куманово – паркинг‘‘ – Куманово          за период од 01.07.2010  до 30.09.2010 година;

    13.Програма за користење, одржување, реконструкција и изградба на јавното осветлување на подрачјето на Општината Куманово за 2011 година;

    14.Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово, во текот на третото тромесечие од 2010 година;

    15.Информација за бесправно изградени објекти во Општина Куманово;

    16.Информација за проблемот со депонирање на шут и други градежни материјали во Општина Куманово;

    17.Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од УЕ ‘‘11-ти Ноември‘‘, Урбан блок 65, плански опфат меѓу ул. 11-ти Ноември, ул.Васил Главинов и Пешачка улица – Општина Куманово;

    18.Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ ‘‘Трета МУБ‘‘, дел од Урбан блок 48, плански опфат меѓу улиците Трета МУБ,    Миле Кипра, Кирил и Методиј и Треска – Општина Куманово;

    19.Предлог – Решение за давање согласност на Статутарната  Одлука за изменување  и дополнување на Статутарната Одлука за дополнување на Статутот на Јавната општинска установа Библиотека ‘‘Тане Георгиевски‘‘ -  Куманово и на пречистениот текст на Статутот на ЈОУ Библиотека ‘‘Тане Георгиевски‘‘ – Куманово;

    20.Предлог – Решение за давање согласност на Ценовникот за услугите кон корисниците на Јавна општинска установа Библиотека ‘‘Тане Георгиевски‘‘ – Куманово;

    21.Предлог – Решение за разрешување и именување на преставници од Општината Куманово за членови на Училишниот одбор во СОУ Гимназија ‘‘Гоце Делчев‘‘ – Куманово;

    22. Предлог – Решение за именување на преставници од Општината Куманово за        членови на Училишниот одбор во СОУ Гимназија ‘‘Сами Фрашери‘‘ – Куманово;

    23.Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општината Куманово за член на Училишниот одбор во Основното училиште ‘‘Бајрам Шабани‘‘ Куманово.