×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тројца повредени откако автомобил удрил во ограда, паркирано возили и пешак

    09.10.2018 08:59 | KumanovoNews

    Три лица се повредени во Куманово, откако автомобил удрил во бетонски столб, потоа во друго паркирано возило и на крај во пешак.

    Тројца повредени откако автомобил удрил во ограда, паркирано возили и пешак

     Несреќата се случила вчера околу 7 часот, на улицата „Тоде Думба“, кога патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со кумановски регистерски таблици, управувано од Н.Ѓ.(74) од Куманово, удрило во бетонски столб и метална ограда, потоа во паркирано патничко моторно возило „Сеат толедо“ со кумановски регистерски таблици, сопственост на Б.К.(37) и во пешак Т.А.(71) од Куманово.

    Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Т.А. и Б.К., кои по укажаната лекарска помош во Општата болница во Куманово биле препратени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Н.Ѓ. се здобил со телесни повреди и укажана му била лекарска помош во Општата болница во Куманово.

    Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.