×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тротоар и проширување на улицата „1“ бараат жителите на Карпош

    12.09.2018 14:07 | KumanovoNews

    Една од главните сообраќајници во населбата не ги задоволува основните стандардите за безбедно движење, бидејќи е многу тесна и нема тротоар

    Тротоар и проширување на улицата „1“ бараат жителите на Карпош

    Изградба на тротоари и проширување на улицата „1“, бараат жителите од населбата Карпош. Тие се жалат дека главната сообраќајница во западниот дела на населбата позната како Никуљски пат, не ги задоволува основните стандарди, бидејќи е многу тесна и без пешачка патека. Улицата секојдневно ја користата неколку илјади граѓани и возила, а нема простор за безбедно движење на возачите, ниту на пешаците.

    - Секојдневно ги водиме децата на училиште затоа што не смееме да ги пуштиме сами. Врие од возила, а нема каде да се оди. Улицата е обрасната во дрвја, а на самата улица има многу  паркирани автомобили кои го узурпираат и онака оскудниот простор.  Затоа често се случуваат сообраќајни незгоди. Бараме под итно да се изградат тротоари и да се прошири коловозот заради непречено движење, - порачуваат револтирано граѓаните.

    Улицата „1“ е долга околу 2 киломерти и се протега од хотелот Сателит до крајот на населбата во м.в.„Почивало“ кон селото Никуљане. Покрај жителите од населбата, улицата е единствена легална сообраќајна врска со Индустриската зона. Асфалтирана во 1998 година и повеќе од 20 години, освен повремено крпење, друго не е интервенирано. На повеќе места е раскопана поради приклучок на канализациона мрежа, па од дупките не може да се помине.

    - Ова е главна сообраќајница во населбата, заедно со улиците „100“ и „120“. Асфалтираат споредни улички и сокачиња, а нашата улица никако да ја направат. На секои избори политичарите ветуваат дека ќе ја прошират и ќе изградат тротоари, но се останува само за ветување, - велат граѓаните. 

    Од Општина Куманово велат дека за оваа година не е предвидена никаква интервенција на улица „1“ т.е. на Никуљски пат, а за наредната година сеуште не се знае, бидејќи не е изработена Програмата за изградба и реконструкција на улици.