Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По преземени мерки и активности, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово, завчера во 20.10 часот од слобода го лишиле Р.М.(60) од Куманово.
Истиот ден околу 15.00 часот на улица „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, Р.М. со нож му нанел расекотини на С.С (45) од Куманово во пределот на лицето и раката, по што побегнал.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против Р.М. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство во обид.