×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уапсени седуммина македонски државјани за учество во војните во Сирија и Ирак

    07.08.2018 10:21 | KumanovoNews

    МВР во текот на ноќта спроведе акција во која уапси седум лица, кои се  осомничени дека како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак.

    Уапсени седуммина македонски државјани за учество во војните во Сирија и Ирак

    Претходно, за седумте лица била распишана и потерница, а се гонат за „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.

    Станува збор за С.Р.(28), Џ.А.(25), Б.Ф.(24), О.Ж.(31), Е.О.(24), И.Ш.(41), А.М. (23).

    Нивните предмети ќе влезат во рамки на полициската акција „Ќелија 1“, која МВР ја започна пред три години, и „Ќелија 2“ од пред две години.

    Апсењата се направени во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили, велат од МВР.