×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Убаво да се нашминкате и да се облечете специфично за да ве примат на работа, им кажа на Ромите советникот Салиевски

    07.08.2018 12:12 | KumanovoNews

    Советниците Самет Салиевски од СДСМ и Срѓан Рушити од СРМ, кои се дел од владеачката коалиција ги обвинија предлагачите во Советот на Општина Куманово, дека нема претставници Роми во управниот и надзорен одбор на новоформираното ЈП „Куманово-план“.

    Убаво да се нашминкате и да се облечете специфично за да ве примат на работа, им кажа на Ромите советникот Салиевски

     На последната седница тие ги прашаа своите колеги по кои критериуми се бираат членовите во телата, во кои нема место за претставниците на ромската заедница.

    - Сакам да прашам кои критериуми треба да бидат исполнети за да бидат предложени. Поентата ми беше барем да бев консултуран како советник. Во минатото изговор беше дека нема едуциран кадар, нема капацитети. Сега можам да кажам дека не е таква состојбата, имаме магистри, правници, економисти, кои би можеле да оговорат на тие места. Меѓутоа треба да се покаже добра воља дека и Ромите треба да бидат интегрирани,  а со тоа да покажаме добра воља и како коалициони партнери, - рече Рашити.

    На ова се надоврза и советникот Салиевски, кој обвини дека продолжува праксата да нема Роми во државните и локални институции, па праша дали има некој посебен критериум за облекување и дотерување за да и тие бидат примени на работа.

     - Јас сакам да прашам, каков критериум треба да исполни некој Ром за да биде вклучен во некоја институција, конкретно за управен одбор. Се бара да биде високо образован, дадовме предлог за магистер по безбедност, а го нема во предлозите. Не знам како треба да изгледа еден Ром за да биде прифатен или биде примен во некоја институција. Треба да се шминка малце, треба да се облече на друг начин. Ако имате одговор кажете ми. Еве јас ќе им кажам на моите Роми, луѓе кога треба да аплицираме во некоја иституција за работно место, убаво да се нашминкате, да се облечете специфично, за да ве препознаат. Вака не ве препознава никој. Каде се наоѓаме ние и не сум свесен што се случува, - ги праша Салиевски своите сопартијци.

    Бидејќи Салиевски инсистираше некој да му одговори, претседателката на Советот Атина Мургашанска објасни дека советниците се рамноправни, и никој не мора да одговори ако мисли дека не треба.

    Иако беше предложено управниот одбор да биде проширен за уште еден член од ромската заедница, предлогот не беше прифатен.