×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Убиена жена од Агино Село

    20.10.2010 11:09 | KumanovoNews

     Сузана В. (44)  од с.Агино село-кумановско вчера била убиена со неколку куршумо од пиштол во дворот на куќата каде била на гости во Скопје. Убиството го извршил Лазо С. (54) од Скопје, кој потоа со истиот пиштол се самоубил.

    Убиена жена од Агино Село

     Според полицијата убиството и самоубиството се случиле вчера во 15.50 часот на ул.„Владимир Комаров„, во дворно место од барака сопственост на Г.С.. Лазо дошол и побарал да се види со Сузана и откако таа излегла во дворот испукал неколку истрели од пиштолот и ја усмртил. Потоа пукал и кон нејзината мајка Ј.В. (62) и сестра В.С. (42), при што на мајката и нанел повреди.Повредената Ј.В. е пренесена во Ургентен центар Скопје и е задржана за понатамошно лекување, а по наредба на Истражен судија телата на починатите се предадени за обдукција. Извршен е увид на местото на настанот, подигнати се седум чаури, еден проектил, пиштол „Црвена Застава„, кој Лазо С. го поседувал со дозвола и во тек се мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.