×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Училиштата добија сообраќајни табли

    22.09.2010 15:00 | KumanovoNews

     Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Oдделението за превенција во СВР Куманово по повод 22 Септември - Меѓународниот ден без автомобили, денеска подели сообраќајни табли и знаци за основните и средните училишта во градот.

    Училиштата добија сообраќајни табли

     Целта на овој проект е да се подигне свеста за сообраќајната култура и познавањето на сообраќајните знаци, правила и прописи за заштита на најмладите учесници во сообраќајот, а тоа се учениците- рече Виолета Богдановска, началничка во Секторот за превенција.

     Проектот е реализиран преку општинскиот совет за безбедност на сообраќајот и патиштата во Општините Куманово,Липково и Старо Нагоричане.

    По повод одбележувањето на Денот без автомобили, Богдановска ги повика сите учесници во сообраќајот да го користат велосипедот како превозно средство, наместо автомобилите кои ја загадуваат околината и воздухот, а истовремeно создаваат метеж и ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот.