×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • УЈП: Физичките лица до 15. јануари да поднесат пријава за ДДВ

    12.01.2018 10:19 | KumanovoNews

    Управата за јавни приходи ги информира сите даночни обврзници-физички лица кои вршат стопанска дејност, а во предходната календарска година оствариле вкупен промет над 1.000.000 денари, дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01) најдоцна до 15 јануари 2018 година.

    УЈП: Физичките лица до 15. јануари да поднесат пријава за ДДВ

    Во вкупниот промет за регистрација за целите на ДДВ влегуваат приходите остварени врз основа на вршење на стопанска дејност, како што се дејностите на вештаци и стечајни управници, приходи од земјоделска дејност, приходите остварени врз основа на договор на дело, приходите остварени од издавање под закуп на деловен простор, приходите остварени од авторски договори и права од индустриска сопственост, приходите по основ на членување во надзорен одбор и сл.

     Даночните обврзници кои во претходната календарска година (2017) не оствариле промет над 1.000.000 денари можат доброволно да се регистрираат за целите на ДДВ со поднесување на Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01) најдоцна до 15 јануари 2018 година.