500x100-1
11. 09. 2019 11:12

УЈП на јавна аукција ќе ја продава запленетата роба

УЈП на јавна аукција ќе ја продава запленетата роба

Управата за јавни приходи на јавна аукција и комерцијална продажба ќе продава запленете раба од даночни обврзници.

На аукцијата ќе се врши продажба од  автомобили, дупчалки, комбиња, машини и друга дополнителна опера за производство на чевли, компјутери, па се до козметичпки препарати.

Со почетна цена од 175.275.00 денари ќе се продава Фиат дубло од 2003 година, а почетна цена за Мерцедес 2005 ќе биде 418.412.00 денари, додека пак за автобус-комбе од 2000 година почетна цена ќе биде 75.000 денари. Телевизорите, ќе се продаваат со почетна цена од 10.000 денари, а компјутерите од 24.000 денари.

На аукцијата можат да учестуваат само оние кои до 20.09.2019 година, ќе направат електронска пријава и ќе уплатат депозит од 10% од утврдената почетна цена на движните/недвижните ствари.