×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • УЈП воведе електорнски увид во даночната картица

    02.09.2010 08:12 | KumanovoNews

     Од вчера даночните обврзници можат електронски да направат увид во  даночна картичка на УЈП.

    УЈП воведе електорнски увид во даночната картица

     Како што информират од УЈП, оваа услуга е достапна за сите правни субјекти и вршители на дејност кои се корисници на електронските услуги на УЈП и се регистрирани да ја користат услугата електронско поднесување даночна пријава.

    Од 60-те илјади за кои е достапна оваа услуга заклучно со 31 август ја користат близу 5.000 правни лица, а се работи оваа услуга да ја прифатат што поголем број даночни обврзници.

    Електронските услуги УЈП ги воведе во 2006 година, а годинава и за краток период имаат добар напредок. Во првие осум месеци има нови 3.429 корисници на електронските услуги,а предности на новата услуга ги посочи едноставното користење, како и 24-часовната достапност седум дена во неделата-соопштуваат од УЈП. Покрај за фирмите,се работи на проект и физичките лица да можат да поднесуваат електронски даночни пријави. Проектот треба да се реализира во 2011 година, а услугата би била достапна шест месеци по потпишување на договорот. Нивна крајна цел е користењето на електронските услуги да стане и законска обврска, како што е во некои европски земји.

    Покрај електронскиот увид во даночната картица и поднесувањето на даночната пријава по електронски пат, Управата за јавни приходи овозможи и електронско поднесување на пресметката за бруто плата.