×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • УМС е вистинскиот форум каде младите можат да ги кажат своите потреби, одговараат од ВМРО-ДПМНЕ

    18.07.2018 07:10 | KumanovoNews

     Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ реагираат на прес- конференцијата на СДММ Куманово, по обвинувањата дека злоупотребуваат деца во политички цели.

    УМС е вистинскиот форум каде младите можат да ги кажат своите потреби, одговараат од ВМРО-ДПМНЕ

    Во реакцијата прашуваат дали присуството на 15-годишник на прес конференција на подмладок на политичка партија е злоупотреба на децата или пак злоупотреба на децата била политичка манипулација на СДСМ, со организирање на средношколски пленуми?

    „Прочитајте ја Конвенцијата за правата на детето, за да ви стане појасно дека забраната за политичка присила и организирање на децата не значи забрана тие да се интересираат за политичките случувања, да контактираат со политичарите, да влијаат на процесите на одлучување. Децата се рамноправни граѓани на Република Македонија и треба да бидат третирани како такви. Токму Унијата на млади сили е вистинскиот форум каде младите имаат право да ги претстават своите потреби, да формулираат и да поставуваат барања до функционерите. Наместо да ги етикетирате, сликате и заокружувате членовите на УМС, и генерално на ВМРО-ДПМНЕ, зафатете се за работа! Дајте свој придонес во локалните политики на овој град, кој вашата партија веќе 27 го уништува, - стои во сопштението на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, испратено до медиумите.