×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Управните служби на МВР ќе работат за викенд

    19.04.2019 20:38 | KumanovoNews

    Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат во сабота и недела (20 и 21.04.2019 и на 04 и 05.05.2019 година), за време на првиот и вториот круг на претседателските избори.

    Управните служби на МВР ќе работат за викенд

    Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за управни работи, при МВР и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

    „Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота(20.04.2019 година) до 16.00 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до одделенијата за управни работи. На денот на претседателските и локалните избори(недела, 21.04.2019 година) одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 07.00 до 19.00 часот“, - соопштуваат од МВР.

    Истото ќе важи и за вториот круг кој ќе се одржи на 05.05.2019 година. Барањата за лични карти ќе се примаат до 04.05.2019 до 16.00 часот, а на денот на изборите 05.05.2019 година ќе се издаваат во периодот од 07.00 до 19.00 часот.