×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Управните служби на СВР ќе работат и утре

    28.01.2011 12:08 | KumanovoNews

    Секторот за внатрешни работи ги информира граѓаните дека утре  Управните служби ќе работат од 08.30 до 16.30 часот на издавање на готови лични документи.  Пасоши, лични карти, сообраќајни дозволи, грашаните ќе можат да ги подигнат на шалтерите на службите.

    Управните служби на СВР ќе работат и утре

    Со интензивираната динамика на работење во изминатиот период окончува проектот на Управните служби за поместување, односно презакажување нови термини за поднесување апликации за новите патни исправи за граѓаните што претходно имале закажани термини во периодот од март до крајот на декември 2011 година.

    Во рамките на посочениот проект, досега се обработени над 52.000, од кои околу 40.000 граѓани веќе добиле нови термини и аплицирале за новите патни исправи. Останатиот број, пак, нешто над 10.000 граѓански барања, остануваат со старите термини, и тоа поголемиот дел поради желбата на самите апликанти да им остане веќе добиениот термин, дел поради погрешни податоци во апликациите (погрешни или непостоечки телефонски броеви), дел од други причини.