×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уште еден бранител треба да врати оштета

    25.05.2010 15:42 | KumanovoNews

    Министерството за одбрана го тужи Сашо Величковски (39) од Куманово, поранешен капетан во АРМ, ранет од мина во 1999 година во селото Танушевци за стекнување на матерјална корист без основ и бара да ги врати парите што пред пет години ги добил како обештетување за претрпената штета. 

    Уште еден бранител треба да врати оштета

    Од министерството тврдат дека неовластено сум се збогатил иако имам уредна правосилна пресуда од Судот и наплатата е извршена со извршител. Јас не сум влегол во сметката на министерството да ги земам сам парите.

    По ревизија на обештетувањето одлучено е дека сумата е превисока и треба половина од сретствата да ги вратам. Кога ќе ја платам судската камата и извршителите испаѓа дека треба да вратам повеќе отколку што сум зел - вели Величковски.

    Величковски добил оштета од 2,8 милиони денар, а треба да врати 1,5 милиони денари со камати за изминатиот период.

    Со владината одлука од 10 ноември 2009 година се задолжува Државното правобранителство и МВР да ги повлечат поднесените тужби и да се откажат од тужбените барања против припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства за враќање на исплатениот надомест на име нематерјална штета. Величковски и уште седмина бранители од Македонија не се ослободени од тужбата.

    Некој од пониските државни ешалони не сака и нас да не опфати со оваа одлука, бидејќи ние не сме биле повредени во 2001 година. Повредените од 1999 година не влегуваат во таа одлука и покрај тоа што повеќето учествувавме и во воениот конфликт 2001 година го браневме територијалниот суверенитет и интегритет на оваа земја. Како нашите рани да болат помалку од оние од 2001 година - вели разочарано Величковски.

    Тој нема начин да ги врати парите, бидејќи поголемиот дел од нив ги потрошил на 9 операции и лекување, а треба да оди на уште неколку хируршки интервенции за да му ги извадат простанатите стотина шрапнели во карлицата, рацете, нозете, главата, десното око и другите делови на телото.

    Многу сум разочаран од ова што ми се случува. Очекував дека еден ден ќе бидеме одликувани како што доликува на секоја земја и на секој бранител, а државата се однесува кон нас како да сме криминалци. Јас еднаш го ризикував  животот за државата, па сега таа нека ми земе што остана од него - вели Величковски.

    Поранешниот офицер најавува дека доколку институциите што се задолжени за овие случаи, не најдат решение, тој ќе биде принуден да штрајкува со глад пред Владата бидејќи нема друг начин да го реши проблемот.