500x100-1
14. 08. 2019 08:22

Увид во реконструкција на регионалниот пат Куманово-Свети Николе

Увид во реконструкција на регионалниот пат Куманово-Свети Николе

До октомври годинава се очекува да заврши рехабилитацијата на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

Mинистрите за транспорт и врски и за внатрешни работи, Горан Сугарески и Оливер Спасовски, и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, денеска ќе извршат увид во активностите за рехабилитација на регионалниот пат Куманово-Свети Николе.

На терен се работи на асфалтирање на патот, во должина од 32 километри. Вредноста на активностите изнесува  2,9 милиони евра, обезбедени преку Европската банка за обнова и развој. Со претходниот проект беа рехабилирани 10 километри од регионалниот пат.