×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Увозот на стари возила двојно поголем поради стравот од нови прописи

    16.10.2018 09:07 | KumanovoNews

     Драстично зголемен, во некои моменти и двапати поголем, бил увозот на користени возила во првите седум месеци од годинава во однос на истиот период во 2017 година, а ова количество на увезени стари автомобили, автобуси и товарни возила од јануари до јули годинава е многу блиску до количеството увезени возила во целата мината година.

    Увозот на стари возила двојно поголем поради стравот од нови прописи

    Тоа го покажуваат бројките објавени на веб-страницата на Царинската управа, пишува Мета.мк.

    Според Ана Чоловиќ – Лешоска, директорка на „Еко-свест“, тоа најверојатно се должи на стравувањето на поединците и фирмите што печалат од продажбата на стари возила од неодамна најавените заострувања на бариерите за увоз, односно забрана за увоз на постарите возила со еуро 4 и еуро 5 стандард.

    Одредени измени за намалување на загадувањето се веќе изготвени, и тие треба да придонесат за намалување на загадувањето.

    – Новите норми за кои една година наназад се дискутираше во владината Интерсекторска работна група за справување со аерозагадувањето, во која учествувам и јас како претставник на еколошките организации, како што беше известено, наскоро ќе бидат потпишани од министерот за економија. Со нов правилник, возилата според степенот на емисии кој го покажуваат при техничкиот преглед ќе добијат категоризација со боја, односно лепенка во боја и ќе се воведе систем за сообраќајно зонирање во Скопје. При енормно загадување на пример, во зелена зона ќе може да возат само возила со зелена налепница, односно со највисок стандард и најниски емисии – објаснува таа.

    Бројките што ги објави Царинската управа за увезени автомобили од јануари заклучно со јули годинава говорат оти биле увезени 16.734 употребувани автомобили, наспроти 3.562 нови. Во истиот период, увезени се 1.386 товарни моторни возила наспроти 459 нови и само три нови автобуси наместо 108 купени во странство на старо.

    Во цела пак 2017 година во земјава се увезени 22.964 користени автомобили, 2.135 товарни возила и 140 стари автобуси.

    Како што вели директорката на „Еко-свест“, иако донекаде може да се има разбирање за мерката да се дозволи увоз на стари автомобили за да се овозможи личен комфор и обнова на возниот парк на граѓаните, таа е дел од лошите стратегиски одлуки во врска со превозот што се донесувани во изминатите три децении.

    – Од една страна, јас го разбирам моментот секому да му се дозволи да има комфор. Но тоа е многу комплексно прашање, оти дали со тоа што ние овозможуваме комфор на некои граѓани, не го влошуваме останатиот „комфор“ на живеење во почиста средина на сите граѓани. И дали сите тие луѓе што купија стари возила не можеа пред тој момент да прераснат во критична маса и да побараат да се уреди јавниот сообраќај, за да може сите да имаат културен, економичен, достапен, навремен, јавен сообраќај?  Но, политиката на популизам отиде во друга насока. а јавниот сообраќај се доведе во страшно лоша ситуација – заклучува Ана Чоловиќ – Лешоска.

    Во борбата со загадувањето на воздухот, Албанија е во финалната фаза на забранување увоз на возила кои не ги исполнуваат еуро 5 стандардите, односно возила што се постари од 10 години. Во Македонија последното ограничување стапи на сила на 1 јули 2016 година, кога беше забранет увозот на возила со еуро 3 стандардот, така што земјава со дозволата за увоз на возила со еуро 4 каска зад Албанија.