×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВАШИ ПИСМА: Има ли кој да ги казни оние што ги трујат граѓаните?

    09.11.2018 07:49 | KumanovoNews

     Несовесни граѓани ги трујат сите кои свесно и одговорно се однесуваат кон животната средина, а притоа никој не ги казнува ниту ги спречува во намерата.

    ВАШИ ПИСМА: Има ли кој да ги казни оние што ги трујат граѓаните?

    Господине градоначалник и советници во Советот на Општина Куманово,

    Ова писмо ви го пишува група на загружени граѓани, родители, пред се мајки, кои сакаат нивните деца да дишат чист воздух во својот град. Веќе подолго време, а особено последните години, градот и околината личи на голема депонија која гори во секој период од денот, ноќтта и во сите годишни времиња. Несовесни граѓани ги трујат сите кои свесно и одговорно се однесуваат кон животната средина, а притоа никој не ги казнува ниту ги спречува во намерата. Затоа прашуваме јавно дали  има некој закон кој ќе ги спречи свесните трујачи да се изживуваат врз недолжното население?!

    Не ми е јасно, дали вие политичарите имате деца, внуци, имате ли одговорност дека треба нешто итно да преземете за да ставите крај на ова лудило кое трае и трае?! Здравјето е нешто најважно на секој човек, па и на вас претставниците на народот во локалната власт, бидејќи парите кои ги заработувате и вие ќе ги потрошите одејќи по лекари, затоа што го дишите истиот воздух како и ние обичните смртници. Зошто ги затворате очите пред овој сериозен проблем и зошто не се интересирате за аерозагадувањето на воздухот во градот и околината?!   

    Ве молиме во името на нашите деца, кои се најмалку виновни за постапките на возрасните, да се заинтересирате за проблемот и во најскоро време да најдете решение, во спротивно сами ќе се организираме да го прекинеме ова свесно труење на поединци и групи на граѓани, кои преку нашето здравје заработуваат. Во прилог ви доставуваме повеќе слики и видеа самите да се уверите дека ова што го пишуваме не е измислица, како најчесто сакате да кажете за да се амнестирате од одредена одговорност.

        Загрижени мајки

    (авторот познат на редaкцијата)