×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВАШИ ПИСМА: Куманово или ти Африка

    15.06.2010 10:35 | KumanovoNews

     Знам дека сега е популарно Светското првенство во Африка, ама ова што се случува во Куманово го нема ни таму. Од сабота навечер без капка вода на 40 степени!!!

    ВАШИ ПИСМА: Куманово или ти Африка

     Ова е срамота! Одредени делови на градот постојано имаат вода, а други се усмрдуваат. Никој не дава соопштение, ниту кажува што и како се случува. Треба ли епидемии и вируси да фатиме на овие горештини, додека  браните се полни со вода?! Граѓаните посебно се револтирани, бидејќи сметките редовно ги плаќаме, тие што не плаќаат редовно се исклучуваат, а вода ни за лек 4 дена.

     Апелирам до двете претпријатија одговорни за снабдување со вода, дека состојбата во поедини делови во градот е алармантна и најбрзо да го решат проблемот, затоа што ова е тортура над населението. Не е можно исти населени места да имаат технички проблем, а ако се работи за рестрикција нека биде на неколку часа. Ова е срамота без капка вода да остане град од над 100 000 жители.


                                                                           со почит Елена