×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВАШИ ПИСМА: Нема притисок децата да одат на екскурзија

    15.09.2010 14:24 | KumanovoNews

     По објавувањето на текстот во „ВАШИ ПИСМА: Доброволна екскурзија под притисок„, во нашата редакција стигна реакција на советите на родители од четвртите одделенија во ОУ „Кочо Рацин„ во кои се вели дека изнесените обвинувања се тенденциозни,а директорот и училиштето се непотребно вмешани во целата работа.

    ВАШИ ПИСМА: Нема притисок децата да одат на екскурзија

     По одржаните вонредни родителски состаноци на 14 септември на кои се расправаше за екскурзијата во четврто одделение во ОУ „Кочо Рацин„ беше заклучено дека во ниту еден момент за време на наставата не им било кажано на учениците, ниту пак на родителите дека планираната екскурзија е ЗАДОЛЖИТЕЛНА за сите деца. Истовремено 90 проценти од родителите гарантираат и своеволно дадоа и потпишаа изјави за согласност екскурзијата да се реализира во планираниот термин. Родителите истовремено се револтирани од ваквите невкусни реакции и етикети за оваа училиште. Во иднина се молат родителите да се изјаснат јавно за своето незадоволство, за да не се сомневаме дека писмото е хир на некоја туристичка агенција, која сака да го превземе местото на „Дема-Турс„, која има остварено долгогодишна успешна соработка со матичното училиште.

                                                                     Совет на родители   

                                                                       IV-1, IV-2, IV-3, IV-4                                 

                                                                     одделение „ОУ Кочо Рацин„