500x100-1
23. 08. 2019 12:08

Вечерва започнува Тамбурашкиот фестивал

Вечерва започнува Тамбурашкиот фестивал

Српската етно пејачка Биља Крстиќ и 4 тамбурашки оркестри ќе настапат вечерва на отворањето на 15. јубилеен Меѓународен тамбурашки фестивал Куманово, кој наредните два дена ќе се оддржи на Градскиот плоштад.

Вечерва на програмата се тамбурашките оркестри: „Кумановски тамбураши“, со вокалните солисти Сандра Милковска и Нино Величковски, „Велос“ од Нови Сад, „Пљевља„ со солистката Тања Шетер, од Црна Гора, Големиот тамбурашки оркестар на РТ „Војводина“ од Нови Сад, со специјалната гостинка Биљана Биља Крстиќ.

  Фестивалот продолжува утревечер со „Трио гранде“ од Кавадарци, потоа “Хрватски дом Велс“ од Австрија, а фестивалот ќе го затвори Влатко Стефановски- трио и Мандолински оркестар Скопје, диригент Ерхан Шукри.

Двете вечери концертите започнуваат во 20.30 часот.

Меѓународниот тамбурашки фестивал Куманово, го организира Фондацијата за спорт и култура, со финансиска поддршка на Општина Куманово и Министерството за култура. Годинешново издание е дел од програмата 500 години Куманово.