×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Видовденска академија во Куманово

    29.06.2018 17:02 | KumanovoNews

    Видовенска академија се одржа синоќа во Куманово во присуство на голем број гости од Србија и Македонија, како и претставници на Српската амбасада.

    Видовденска академија во Куманово

     Организатор на овогодинешната свеченост беше Обединетата српска заедница Куманово. Присутните ги поздрави претседателот на заедницата Часлав Јовановиќ, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и Јелена Станисављевиќ од Советот на Општина Трговиште. Беседа за помен на косовските јунаци и за големиот национален празник на Србите -  Видовден одржа професорот Добривоје Стошиќ.

    „Сигурен сум дека нема да згрешам ако кажам дека целата наша историја е поврзана со овој датум и со Видовден.  Нашата историја ја забележа битката на Косово, но уште повеќе народот и народните песни. Сето тоа можеме да го опишеме со една кратка реченица дека тоа беше една голема народна погибија, по која ништо повеќе не било како порано. Косово за српскиот народ стана мерка за неговите најголеми жртви. Косово е меѓа на времето и историјата и се с`е дели од Косово и до Косово. До Косово српскиот народ имаше мермерни и монументални докази за својата сила и големина, за своето постоење и за својата историја. Имаше кралеви и кралевина, цар и царство. Од Косово сите докази остануваат само во сеќавањето, во јазикот, во песните, во свеста и во целата духовност“, - рече Стошиќ.

    Битката на Косово се случила на 28 јуни 1389 години, кога српската војска била поразена од турската војска, при што загинале два цара од двете војски, цар Лазар и Цар Мурат.

    „Видовден бара и од денешните генарации во духот на православието да бидеме отрезнети и освестени. Видовден бара прочистување од омраза и братска неслога, спокој, слобода, мир, правда, духовно и матерјално издигање. И затоа треба да сме годри на нашите предци и да оставиме светла иднина на нашите потомци“, - заврши Стошиќ.

    На академијата беше промовирана публикацијата „Приказни од Македоније“ на авторката Нена Ристиќ-Костовска. Во богатата културно-уметничката програма настапија фолклорните ансамбли „Карпош“ од Старо Нагоричане, „Врело“ од Бујановац и „Бранко Чајка“ од Тетово, a рецитал изведоа учениците од основното училиште „Светозар Марковиќ“ од Старо Нагоричане.