×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вистинските патриоти ќе го поддржат референдумот, кажа Димитриевски

    05.09.2018 12:19 | KumanovoNews

     ВМРО-ДПМНЕ е безидејна во моментот и со самото нивно не излегување со конкретен став во врска со  референдумското прашање покажува во каква состојба е партијата, одговори градоначалникот Максим Димитриевски на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека кумановци нема да дозволат распродавање на националните интереси и дека на синоќешната трибина „Излези за европска Македонија“, дошла само локалната и државна администрација под партиски притисок.

    Вистинските патриоти ќе го поддржат референдумот, кажа Димитриевски

         Посакувам ВМРО-ДПМНЕ што побрзо да ги консолидира своите редови и реалните патриоти ќе ја препознаат тежината на ова прашање и ќе излезат и ќе дадат подршка на референдум, бидејќи сакаат просперитет на државата. Во однос на притисоците, сите граѓани кои што беа во салата се дојдени самоиницијативно, на покана на јавните гласила и медиумите. Настанот беше поддржан и од политичките субјекти предводени од СДСМ, но нивната улога е да им објаснат на граѓаните зошто го поддржуваат референдумот или спротивно на тоа. Конечната одлука ќе ја донесат кумановци и верувам дека ќе ја препознаат вистината и ќе го поддржат референдумот,- рече Димитриевски.

     Градоначалникот Димитревеки, денеска на прес-конференција  рече дека Куманово сака да биде составен дел на Европа и граѓаните да живеат подобро, поради што ги повика на 30 септември да дадат подршка на референдумот.