×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Вкус на медот“ вечер на Денови на комедија

    08.10.2018 07:54 | KumanovoNews

    Претставата „Вкус на медот“ на Државниот младински театар Ереван, од Ерменија, вечерва ќе гостува на Денови на комедија.

    „Вкус на медот“ вечер на Денови на комедија

    „Вкус на медот“ е приказна за тинејџерката Џо која што живее со својата мајка Хелен. На Џо и е потребна мајчината љубов и грижа, но мајка и ја игнорира. Затоа Џо мора да живее без поддршката од својата мајка. Хелен е себична и неодговорна мајка, која што има потешкотии да ја пренесе мајчината љубов кон своите деца и која што никогаш не ја осетила од својата мајка. Џо е депресивна, бидејќи само физички живеат заедно. Не сака постојано да ги гледа љубовниците на својата мајка кои дефлираат низ куќата. Мрази да се сели од место во место. Ова го нарекува „живот во куфер“. Сака да го промени својот живот. Односот помеѓу Џо и Хелен е непредвидлив и хаотично зависен. Иако постои одбивност помеѓу нив две, сепак постои и привлечност. Што ќе се случи со Џо и Хелен? Дали Хелен ќе сфати дека е мајка?

     Во претставата играат Ева Зохрабан, Шушаник Газаран и др.

    Претставта започнува во 20 часот во Центраот за култура „Трајко Прокопиев“.