×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата со 1,5 милиони евра во ќе го намалува аерозагадувањето во државата

    15.11.2018 12:56 | KumanovoNews

     Владата предвиде 1, 5 милиони евра (98 милиони денари) за намалување на аерозагадувањето во Буџетот за 2019, на која го усвои предлогот за план и мерки за утврдување Програма за намалување на аерозагадувањето во Република Македонија.

    Владата со 1,5 милиони евра во ќе го намалува аерозагадувањето во државата

    „На денешната седница беше донесена и одлука за измени и дополнување на Одлуката на Владата на РМ за утврдување на стратешките приоритети за 2019 година, со која намалувањето на аерозагадувањето се утврдува како стратешки приоритет за идната година. Владата го задолжи Министерството за финансии да ја вклопи Програма за намалување на аерозагадувањето во предлогот за Буџетот на Република Македонија за 2019 година“, соопштија од Владата.

    Овие 98 милиони денари се првични средства во Буџетот за наредната година, со препорака да се обезбедат дополнителни финансии за оваа програма и да се искористат постоечките потенцијали од донаторската заедница.