×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се жалат на работата на локалните институции

    14.05.2010 12:00 | KumanovoNews

    Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конфернција објави дека на нивна адреса секојдневно стигаат поплаки од граѓаните кои се жалат дека не можат да ги остварат своите права во локалните институции.

    ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се жалат на работата на локалните институции

     Сашо Стојчевски од Куманово упатил барање до Министерството за транспотр и врски-Државен инспекторат за градежништво  и урбанизам Скопје со кое побарал да да биде проверена техничката документација за изградба на стамбена зграда, лоцирана непосредно до неговата семејна куќа на улицата Трета МУБ бр.112. Според наводите на Стојчевски, постојат низа неправилности во градбата на стамбениот објект, кој му ги загрозува елементарните услови за живот.Во доставениот одговор од Министерството, наведено е дека согласно Законот за градба и Законот за просторно и урбанистичко планирање, директна надлежност за овој случај има Општината. Воедно до градоначалникот е доставено задолжение да постапи според законските одредби и во рок од 5 дена да даде одговор на барањето.Ова задолжение е доставено на 23 ноември 2009 година, но до денеска Стојчевски нема одговор - рече портпаролот Игор Божиновски.

     Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат од кои причини администарцијата молчи по ова прашање и  дали се штитат нечии интерси на штета на граѓаните?