×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ:Локалната власт недомаќински ги троши народните пари

    04.06.2010 12:49 | KumanovoNews

     Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на пресс конференција информираше дека Државниот ревизор открил низа неправилности и аномалии во функционирањето на локалната власт, посебно во финансискиот дел.

    ВМРО-ДПМНЕ:Локалната власт недомаќински ги троши народните пари

     Според ревизорскиот извештај, само за прославата на „11 Ноември„ Советот донел програма, според која било планирано да се потрошат 1.162.000 денари. По завршување на прославата, изготвен е извештај во кој е утврдено дека се исплатени вкупни трошоци во износ од 1.516.000 денари. За организирање на концерт и огномет планирани се средства во износ од 295.000 денари, а од општинските средства се исплатени 890.000 денари или три пати повеќе од планираното - рече портпаролот Игор Божиновски.                        

    Од партијата тврдат дека во извештајот се забележани недостатоци и слабости во спроведувањето на Законот за јавни набавки, каде при избор на најповолен понудувач се користел критериумот – рок на изведба, а многу често се јавувало пречекорување на договорената вредност и градбите чинеле многу поскапо од првобитно проценетата вредност.

     Во извештајот констатирано е дека за регулација на речното корито на река Кумановка е склучен договор во вредност од 32.685.000 денари, а во 2009 година на тој договор е направен анекс, со што изведувачот добил дополнителни 9.805.000 денари или 30% повеќе пари од договореното. Истовремено, рокот на изведба значително се пролонгира, што значи изведувачите на работите не трпат никакви последици од непочитувањето на договорените услови за изведба на работите - нагласи Божиновски. 

     Според ВМРО-ДПМНЕ согласно ревизорскиот извештај, Општината не ги испочитувала препораките за издавање на објектите во нејзина сопственост по пат на лицитација и Занаетчиски дом, времениот објект на Кејот на Кумановка и паркингот биле дадени на користење, управување и одржување на ЈП „Куманово Паркинг„.