×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе добие прва жена претседател

    19.04.2019 13:27 | KumanovoNews

     Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ги повика граѓаните на Куманово, во недела, на претседателските избори да гласаат за професорката Гордана Силјановска Давкова, за да Македонија ја добие првата жена претседател.

    ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе добие прва жена претседател

    „Чесна, искрена и вредна. Сопруга и мајка. Жена која е врвен интелектуалец, која е една од најдобрите и најинспиративните професори, жена која зад себе има многубројни достигнувања на професионален план. Професорката во минатото знаеше, кога нешто не чини, да критикува, но и кога требаше да се брани уставниот поредок и законите, ги бранеше. Таа е кандидатот за право и правдина, за патриотизам, за соживот и за почитување на различностите, без разлика на етничката припадност. Кандидат за достигнување на највисоките европски критериуми, преку принцпот на меритократија и стручност. Кандидат кој обединува и сплотува и кој верува во моралните вредности“, - изјави Игор Божиновски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

    Тој смета дека државата се наоѓа во најкритичниот период од поновата историја, кога треба да се носат правилни и мудри одлуки, кои се резултат на верба во вредностите.

    „Да го дадеме одговорот за сите неправди, притисоци, лаги, за сите изневерени очекувања и ветувања, за сите национални предавства. Во недела, на 21-ви април, сите заедно, сложно и обединето да излеземе и да го заокружиме број 2, да дадеме поддршка на професорката Гордана Силјановска Давкова, идниот Претседател на Република Македонија, - рече  Божиновски.

     Божиновски додаде дека во текот на кампањата, посетиле многу наши сограѓани, при што огромното мнозинство било загрижено, разочарано, огорчено и фрустрирано за правецот во којшто се движи нашата државата на чело со оваа Влада.

    „Ветуваа правда и мир, а донесоа неправда. Донесоа криминал, корупција, непотизам.  Заев и неговата врхушка заборавија на жицата македонска во која се колнеа и го променија вековното име, се откажаа од идентитетот, го променија Уставот и ги распродадоа националните и државните интереси. Заев и СДСМ периодов ви го нудеа нивниот владин партиски претседателски кандидат, кој го избраа во луксузен хотел, без демократска процедура, а згора на се зад Пендаровски Стево застана цела плејада политичари од мрачната транзиција, - изјави Божиновски.