×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ однесе храна во „Порака„

    10.05.2010 15:28 | KumanovoNews

    Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ,  по повод  годишнината од формирањето на партијата, денеска го посетија дневниот центар „Порака“, каде однесоа прехрамбени производи, пијалаци и нагледни сретства.

    ВМРО-ДПМНЕ однесе храна во „Порака„

    -Оваа посета ја гледаме од два аспекта. Со првиот дел од нашите активности општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ОД Куманово ја одбележуваме 20 годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, како политички субјект, а од друга страна ова е пријателска посета на "Порака" на кои им помагаме во секоја прилика. Без да собираме политички поени апелираме до сите политички објекти во општината Куманово, до невладините организации, граѓанските здруженија и стопанствениците од градот да се приклучат и да дадат свој допринос да не се чувствуваат овдешните корисници запоставени - рече Бобан Николовски претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

    Дневниот центар нема постојан извор на финансирање и секоја донација е добредојдена.

    Јавно се заблагодаруваме на ВМРО-ДПМНЕ што не посетија и донираа.Им се заблагодаруваме за посетата, бидејќи ние сме невладина родителска организација,а должноста како родители ни е да обезбедиме  оптимални услови и подобар престој за сите наши деца присутни во центарот - рече претседателката Благица Димитровска.