×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Црвенковски се непоправливи

    24.03.2010 14:02 | KumanovoNews

     Последиците од транзицијата на Бранко Црвенковски граѓаните на Куманово сеуште ги чувствуваат. Колку и да се труди тие го препознаваат транзицискиот политичар и многу добро ја паметат неговата катастрофалната економска политика„- рече портпаролот Игор Божиновски на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ. 

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Црвенковски се непоправливи

     Тој побара одговор на следните прашања:Дали  чувствувате одговорност што 198 364 работници останале без работа?

    Како беа уништени 674 фирми, фабрики и комбинати, меѓу кои е неколку  стопански гиганти од нашиот град?

    Се сеќавате ли на десетиците илјади стечајци кои се производ токму на владеењето на Црвенковски и СДСМ?

    Како 4 милијарди и 600 милиони евра за време на транзицијата беа проневерени и изнесени од државата - праша Божиновски.

     Тој смета дека Црвенковски не само што го исполнил своето најпознато ветување - по еден вработен во секое семејство во државата, туку невработеноста во негово време се зголемила на 40 проценти со рекордно ниво на сиромаштија.

    ВМРО-ДПМНЕ во потполност го разбира револтот и негодувањето што околу стотина кумановчани го искажаа на завчерашната посета на Црвенковски во нашиот град, кои со исвиркување јасно покажаа што мислат за него- рече портпаролот.