×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО–ДПМНЕ во текот на летото ќе го посети секое семејство во Куманово

    13.07.2018 21:39 | KumanovoNews

    Од ВМРО–ДПМНЕ Куманово, денеска ги информира граѓаните дека започнуваат акција “Лето за Македонија”, во рамки на која, преку 50 тимови на партијата ќе го посетат секое домаќинство во општината, за да го чујат ставовите на граѓаните за промена на името на државата, економската состојба и други проблеми со кои што секојдневно се соочуваат.

    ВМРО–ДПМНЕ во текот на летото ќе го посети секое семејство во Куманово

    „ВМРО – ДПМНЕ е решено да стави крај на погубните политики на СДСМ. За нешто повеќе од една година, владата на СДСМ, предводена од Заев успеа да нанесе непоправлива штата на државните и националните интереси со потпишувањето на капитулантскиот договор со Грција, договорот за соработка со Бугарија, како и шферцерски донесениот закон за двојазичност. Државата уназадува на сите полиња. Наместо ветените 500 евра плата и подобар живот, граѓаните добија сиромаштија, несигурност и предавство“, - изјави Милан Давидовиќ, портпарол на општинскиот комитет, на денешната прес-конференција.

         Од партијата ги повикаа граѓаните активно да се вклучите со свои сугестии и мислења за било кое прашање, кои потоа ќе бидат детално разгледани од експерти вклучени во изработка на партиската програма за идните предвремени парламентарни избори.