×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Внимавајте, измамниците ни ораат ни копаат !

    13.01.2011 14:00 | KumanovoNews

     „Ме насамари едно никакво детиште како старо наивно магаре, но среќен сум што измамата ме чини само 500 денари.

    Внимавајте, измамниците ни ораат ни копаат !

    Тие пари не ги жалам со оглед дека школата сепак евтино ме чини, а можам да им ја продавам на други наивни граѓани како мене„ - раскажува симпатично старче на седумдесеттина години „обработено„ од некој измамник среде бел ден во центарот на Куманово.

      „Си шетам јас така, вообичаено, како секој ден. На плоштадот врие од народ излезен пред Божиќ. Ми приоѓа едно детиште, слабичко и црномуресто, со обетка на едното уво, со црна брадичка и ми вели: како сте? Пред малку ве поздравив, вие не ме забележавте. Како ви се децата? Па, добри се, живи и здрави, фала му на Господа - одговорив. Туку, кој си ти, синко. Чие дете си? - прашав. Не верувам дека ги знаеш моите - ми вели детето и прашува како се вика син ми и каде е. Му го кажувам името и каде е на работа, а тој ми вели дека многу ме поздравува и дека заедно се на истата работа во Словенија. Ми рече дека син ми ми праќа пари и ме води до неговиот автомобил паркиран пред „Кристал„ за да ми ги даде. Автомобилот му беше голем и црн, со странска регистрација. Потоа вели дека треба да претвори 500 евра за да ми исплати 6000 денари од син ми, а јас да чекам до неговиот автомобил. По околу пет минути се враќа и ми вели да сум му дал 500 денари од по една стотка зашто дилерот со девизи немал ситно. Му дадов пет стотки и останав да чекам на паркингот. Поминаа десет минути, поминаа пол час, а од детиштето ни трага ни глас. Почна да ме јаде мислата и ми светна дека сум насамарен. Не се ни обидов да го барам детиштето со обетка. Си заминав за накај дома шепкајќи си. Алал нека му се петте мои стотки, си велев. Сигурно бил гладен или си купил дрога. Негова работа си е така да си печали, а мое е да си ги отварам очите - се смее старчето и вели дека не е лошо неговото искуство да го сподели со другите наивковци како него.

    Некој мудрец рекол дека искуството е најдобра школа, но школарината е скапа! Во случајов, за среќа, чини само 500 денари. Измамниците инаку имаат триста и триесет марифетлуци  да дојдат до пари на лесен начин.