×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во две куќи во Черкеско село пронајдено оружје

    22.06.2018 11:52 | KumanovoNews

    Врз основ на судска наредба, полицијата утринава во 5.30 часот извршила претрес на неколку локации во Черкеско село, кумановско, при што дво две куќи била пронајдена и одземена поголема количина на оружје.

    Во две куќи во Черкеско село пронајдено оружје

    Во домот на Б.И.(38) биле пронајдени и одземени една автоматска пушка и две рамки со 45 куршуми, додека, во домот на Н.Б.(58) биле пронајдени и одземени еден пиштол непозната марка калибар 7,62 мм со рамка со осум куршуми, пиштол „Смит Венсон“ со рамка со осум куршуми, пиштол „Пат Енгл“ со рамка со шест куршуми, една рамка со осум куршуми калибар 7,62 мм и една ловна пушка „Бајкал“ калибар 12х76 со четири патрони.

    По целосно расчистување и документирање на случајот, против Б.Н. и Н.Б. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, казниво по член 396 од Кривичниот законик на Република Македонија.

    (фото.архива)