×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во ФЗЦ фрчат откази за работниците што не го потпишале новиот договор за работа

    19.07.2018 13:53 | KumanovoNews

    Стотина работници од Фабриката за заварени цевки и профили (ФЗЦ) „11 Октомври“ од Куманово, ќе останат без работа затоа што не го потпишале анексот на новиот договор за работа со намален коефициент и помали права на работниците.

    Во ФЗЦ фрчат откази за работниците што не го потпишале новиот договор за работа

    Вработените денеска излегоа на протест пред Владата, барајќи ги своите права.

    Како што кажуваат дел од отпуштените работници, проблемите се појавиле кога започнала примената на Законот за минимална плата, по што дошло до изедначување на платите помеѓу општите и квалификуваните работници, што создало незадоволство меѓу вработените. Тогаш работодавачот наместо да ги зголеми платите на работниците кои се на поодговорни мести и со стручна квалификација, тој понудил нов договор со помал коефициент, без да го почитува колективниот договор.

    „На почетокот бевме 200 работници кои не сакавме да го потпишеме анекс договорот. Во меѓувреме со големи притисци, закани, уцени и тортури осумдесетина се откажаа и останавме 120 работници кои опстојуваме на намерата. Се работи за луѓе кои здравјето го оставивме во фабриката, сите сме над 50 години возраст и над 30 години стаж. Платите и онака ни беа ниски, а сега ни ги изедначија со општите работници и чистачките, кои немаат никава одговорност во работа, а ние го носиме процесот на призводството во фабриката“, – се жали еден од работниците.

    Во решавање на проблемот се вклучил и синдикатот, но не било најдено компромисно решение, бидејќи газдата не отстапувал од своите позиции. Доколку не се повлечат решенијата работниците до крајот на месецот ќе останат на улица.

    Вработените правдата ќе ја бараат на суд и веќе се поднесени 460 тужби во Основниот суд Куманово. Се жалат дека државата не ги штити нивните интереси иако биле констатирани неправилности во постапката од инспекциските служби, а биле и на средба со министерката Мила Царовска.

    Кумановската фабрика „ФЗЦ“ од некогашен гигант во поранешна Југославија во која работеле над 2.000 луѓе, сега работат 600 луѓе. Во 2014 година ја приватизираше локална кумановска фирма „Квалитет – пром“ откако го купи мнозинскиот пакет акции од 50,6 отсто од „Експорт Импорт банка“, а потоа со докупување на уште 10 отсто од акциите од малите акционери денес поседува над 60 отсто од фабриката.

    (Фото: Од штрајкот на вработените во кругот на ФЗЦ во 2014 г.)