×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Конопница се одржа „Невестинско поклонение“

    18.03.2019 10:39 | KumanovoNews

    Културната манифестација „Невистинско поклонение на Свети Тeодор Тирон“, вчера по десети пат се одржа во кривопаланечкото село Конопница.

    Во Конопница се одржа „Невестинско поклонение“

    Присутните ги поздрави градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски, кој се заблагодари на учесничките за нивниот допринос и рече дека тие се украс на оваа манифестација. Тој им посака мир и слога во семејството, разбирање и љубов, не само кон сопругот, туку и кон свекрвите, зошто тие се значаен чинител, како во семејството, така и во бракот како институција.

    Ви посакува мир и долги брачни води, а пред се здраво и долговечно поколение, рече градоначалникот Мицевски.

    Оваа година за прв пат на манифестацијата учествуваа снаа и свекрва од Пијанечко- Малешевската свадба, како и пар од Босилеград Р. Србија.

    Оваа несекојдневна манифестација се организира под покровителство на Општина Крива Паланка, месната заедница на Конопница, Националната установа Центар за култура и ЛУ Градски музеј, во соработка со Македонска православна црква Кумановско-Осоговска епархија.  

    Во изминатите десет години учествувале приближно околу сто невести, а оваа јубилејна година бележи и зголемен број на учеснички. Ова е доволен показател дека културната манифестација „Невистинско поклонение на Свети Тодор Тирон“ преминува во масовна традиција и вистински туристички бренд и значајно традиционално културно  обележје на градот Крива Паланка и белег на село Конопница.