×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Крива Паланка одбележан Денот на Европа

    11.05.2018 06:22 | KumanovoNews

     По повод прославата на Денот на Европа во Крива Паланка се одржа хепенинг на градскиот плоштад, кој го организираше локалната самоуправа на  Крива Паланка .

    Во Крива Паланка одбележан Денот на Европа

    Денот на Европа беше одбележан со музика, игра, ликовни и уметнички перформанси и креативни изработки со мотиви на четири европски држави: Словенија, Полска, Унгарија и  Франција.

    На свеченоста присуствуваше амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, кој рече дека овој ден покрај што се празнува на целиот европски континент, се празнува и во Скопје, Кочани, Куманово, Гостивар, тетово, Охрид , Гевгелија, Дебар, Велес, Кавадарци, но и во Крива Паланка.

    -Многу сум среќен што сум со вас да го славиме заедно овој прекрасен ден. Мојата порака е дека вие сте дел од Европа, вие му припаѓате на европското семејство и секој од вас може да придонесе за вашата европска иднина, особено младите, рече Жбогар.

    Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски истакна дека голема е честа да се обрати на Денот на Европа во годината кога Македонија, по, како што рече, десет години застој на патот кон ЕУ, доби безусловна препорака за отпочнување на преговорите со Европската унија.

    -Од мое име и од име на граѓаните на Република Македонија се заблагодарувам на подадената рака и на поддршката  на патот во ЕУ. На патот под заедничкото европско небо не води идејата секој од нас да даде свој придонес за афирмација на највисоките европски вредности. Мирот, просперитетот, стабилноста на еврпскиот континент не обединуваат цели 68 години да ја славиме Шумановоата декларација и да се стремиме европското семејство да го направиме побогато и по квалитетно , а во сета таа глобализација да ги зачуваме својот идентитет и посебноста како Македонски народ со цврста европска визија и определба, изјави Мицевски.

    Градоначалникот му врачи и плакета од Општина Крива Паланка на амбасадорот Жбогар, во знак на благодарност за поддршката на Општината благодарение на ЕУ – фондовите, кои се достапни и помагаат за имплементација на бројни инфраструктурни и останати проекти од  прекуграничната соработка со Р. Бугарија, но и со Косово, а наскоро и со Р. Србија.

    На хепенингот учествуваа ученици од двете основни училишта од Крива Паланка, „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“, од средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ и детската градинка „Детелинка“. Покрај со настапи и штандови, учениците се претставија и со цртање на платото пред плоштадот и на штафелаи во градскиот парк.

    Прославата на Денот на Европа во Крива Паланка продолжи  во амбиенталниот простор на духовното светилиште,  во манастирскиот комплекс Св.Јоаким Осоговски каде  се одржа поетско – музичка манифестација насловена „Место каде минатото се сретнува со иднината“ .

    Пред присутните говореа и амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Семјуел Жбогар и градоначалникто на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

    Настапија: здружението „Извор“ од Кратово, преку проектот „Музичко-поетски караван“, финансиски поддржан од делегацијата на ЕУ во РМ,  по повод европската година на културно наследство 2018, градскиот оркестар „Алегро“ од Крива Паланка, под палката на нивниот ментор, проф. Лариса Жулина-Митовски, поетесите Оливера Станковска и Ирена Стевановска, д-р Мице Дудучки, во придружба на оркестарот „Кратовски тамбураши“, на гитара свиреше Томе Нешковски, Анастасија Јовановска и Ванеса Митовска, ученичка во СОУ„Ѓорче Петров“, Мила Серафимовска, една од најперспективните таленти во Куманово, гудачкото трио на малиот камерен оркестар „Пламенка Трајковска„ од Скопје и секако староградскиот состав „Распеани кривопаланчани“и Боби Серафимовски од Куманово.

    Преку богатството на изборот на уметнички творби присутните го доживеаја богатството на музичко-поетската вечер, но и богатството и единственоста на Европската култура.                                          

                                                                                          (И.Белешковска)