×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во „Крсте„ и „Браќа„ дневен престој за учениците

    31.08.2010 09:42 | KumanovoNews

     Во основните училишта "Крсте Мисирков" и "Браќа Миладиновци" од Куманово  оваа учебна година за прв пат е планирано да се формираат две паралелки со кои ќе се овозможи целодневен престој на учениците од првото до петото одделение.

    Во „Крсте„ и „Браќа„ дневен престој за учениците

    Формирањето на вакви паралелки беше неопходно.Последниве неколку години на барање на родителите кои имаа  потреба од згрижување на нивните деца и после редовната настава од најразлични причини,сакавме да  излеземе во пресрет на нивните барања. Со вакви паралелки ќе овозможиме учениците  да престојуваат во училиштето и 4 часа по редовната настава. Со нив ќе работи стручно лице кое ќе им помага во домашните задачи, па од тие причини деновиве чекаме Владата на Р.Македонија да ни одобри вработување по овој основ-вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

     Во меѓувреме просториите  во овие две училишта се подготвуваат и се адаптираат за оваа намена.