×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово ќе се одржи Меѓународен саем „Органска трпеза“

    20.09.2019 12:36 | KumanovoNews

     Во спортската сала Куманово утре (сабота) со почеток во 11 часот, ќе се одржи  Меѓународен саем за органски производи „Органска трпеза“, која ја организира Здружението за развој на земјоделието „Живот“ од Куманово.

    Во Куманово ќе се одржи Меѓународен саем „Органска трпеза“

    Оваа манифестација на едно место ќе ги претстави органските производи и производители од земјава и странство.

    „За прв пат оваа година покрај учесници од Македонија, свое учество ќе земат и претставници од Србија, Бугарија, Ерменија, Хрватска и Словенија.  Целта е вмрежување и поврзување на традициите, но и согледување на предизвиците со кои што се соочуваат производителите од Македонија и регионот како и нивно надминување. На манифестацијата, активно учество ќе земат над 100 излагачи-производители наорганска и традиционална храна и производи, - вели Драган Цветковиќ, од здружението „Живот“.

    Во рамките на манифестацијата ќе бидат изложени штандови со места за дегустација и органска трпеза каде што посетителите ќе имаат можност да ги вкусат органските производи приготвени од страна на реномираниот шеф Марк де Јонг.

    „Саемот ќе биде одлична основа да им дадеме видливост како на производите, така и на производителите. Ќе се одржат работилници и предавања и ќе се отвори панел дискусија со еминентни нутриционисти, професори, сертификатори, успешни производители и оператори со органски и традиционални производи. На настанот ќе се овозможат B2B средби помеѓу производители, преработувачи и извозници. Здружеието „Живот“ ќе биде иницијатор за поврзување и потпишување на меморандуми за соработка помеѓу повеќето чинители од регионот. На манифестацијата ќе земат учество и експерти за рурален и земјоделски развој, како и претставници од секторот за развој на руралниот туризам, кои што ќе ја презентираат моменталната состојба на теренот, ќе покренат дискусија и ќе дадат препораки за понатамошни мерки и чекори за подобрување на животот во руралните средини“, - вели Благица Цветковиќ, претседател на здружението „Живот“.

    Манифестацијата се организира по вторпат, а се очекува да прерасне и традиционалана, со уште поголем број на учесници.

    Како завршен дел на манифестацијата предвиден е концерт со настап на три локални музички уметници од Македонија и една од Р. Србија: Мартија Станојковиќ, Мартинијан Кириловски, Марио Арангеловски и Теодора Марковиќ.