×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово ќе се постават 10.000 електронски водомери

    18.10.2018 15:57 | KumanovoNews

      ЈП „Водовод“ започна со замена на старите со нови електронски водомери, во системот на водоснабдување во Општина Куманово

    Во Куманово ќе се постават 10.000 електронски водомери

    Проектот е финансиран од ИПА фондовите во вкупна вредност од 1,65 милиони евра, а предвидува замена на 10.000 електронски водомери, обука за вработените, набавка на апарати и инструменти за откривање на подземни дефекти и софтвер за зонирање на водоводниот систем во Општина Куманово. Проектот треба да се реализира до јуни наредната година.

    „ Во првата фаза ќе се започне со замена на водомерите на правните субјекти, кои редовно ги подмируваат обрските, во зоните каде се колективните стамбени згради и онаму каде водоводната мрежа е многу стара. Читањето ќе се врши автоматски од надвор и повеќе нема да се нарушува комодитетот на сопствениците од нашите инкасатори. Водомерите се многу попрецизни од досегашните, кои се застарени и не толку точно го регистрираат протокот на вода. Со овој проект ќе имаме поквалитетна услуга за граѓаните и современа софистицирана опрема за претпријатието“, изјави директорот на ЈП „Водовод“, Горан Стојковски на денешната прес- конференција.

    Во Куманово има 28.000 водомери, а директорот најавува дека во следниот период, етапно ќе се менуваат и преостанатите стари водомери. Со новата апаратура ќе работат на откривање на подземните дефекти, кои предизвикуваат загуба на 54 отсто од водата,  па се очекува загубите на вода да се намалат за 25 отсто.

     Градоначалникот Максим Димитриевски се заблагодарам на тимот на „Водовод“, на Владата и на Министерството за транспорт и врски, кои најдоа начин по четири години да го одблокираат проектот и конечно да започне со негова реализација.

    ЈП „Водовод“ го доби проектот уште во јули 2014 година, но поранешната власт го стопираше од политички причини. Веднаш по смената во Министерството за транспорт и врски, проектот е извлечен од фиока и започна неговата реализација. Оформен е стручен тим кој ќе работи на проектот, а директорот најави и нови проекти во наредниот период за подобрување на услугата на граѓаните.