×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вo Куманово ќе се постават 10.000 електронски водомери со европски пари

    16.02.2018 13:48 | KumanovoNews

    Кон средината на наредниот месец, ЈП „Водовод“ ќе започне со замена на старите електронски водомери со нови во системот на водоснабдување во Општина Куманово.

    Вo Куманово ќе се постават 10.000 електронски водомери со европски пари

    Проектот е финансиран од ИПА фондовите во вкупна вредност од 1,8 милиони евра, а предвидува замена на 10.000 електронски водомери, обука за вработените, набавка на апарати и инструменти за откривање на подземни дефекти и софтвер за зонирање на водоводниот систем во Општина Куманово. Проектот треба да се реализира за една година.

    „Водомерите ќе бидат поставени во станбените објекти, со што на сопствениците повеќе нема да им се нарушува комодитетот нашите инкасатори да влегуваат во нивните домови, туку автоматски ќе се читаат податоците. Водомерите се многу попрецизни од досегашните, кои се застарени и не толку точно го регистрираат протокот на вода. Со овој проект ќе имаме поквалитетна услуга за граѓаните и современа софистицирана опрема за претпријатието“, изјави директорот на ЈП „Водовод“, Горан Стојковски.

    Во Куманово има 30.000 водомери, а директорот најавува дека во следниот период, според финасиските можности, ќе прават напори за етапно менување на преостанатите стари водомери. Со новата апаратура ќе работат на откривање на подземните дефекти, кои предизвикуваат загуба на 54 отсто од водата што се купува од Водостопанство „Кумановско-липковско поле“. Се очекува загубите на вода да се намалат за 25 отсто.

    „ЈП ‘Водовод‘ го доби проектот уште во јули 2014 година, но поранешната власт го стопираше од политички причини. Веднаш по смената во Министерството за транспорт и врски, проектот е извлечен од фиока и започна неговата реализација“, вели Стојковски.

    Покрај Куманово, дел од овој проект се и општините Штип, Кочани и Пробиштип и таму замената на водомерите е завршена.