×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово гласаат 134 болни и изнемоштени лица

    04.05.2019 10:00 | KumanovoNews

     Вкупно 134 болни и изнемоштени лица денеска ќе го остварат правото на глас, во вториот круг на претседателските избори во Куманово.

    Во Куманово гласаат 134 болни и изнемоштени лица

    Освен болните и изнемоштени лица, денеска право на глас имаат и осудениците кои својата санкција ја извршуваат во Казнено-поправната установа Затвор Куманово во селото К’шање.

    Малку е зголемена бројката на пријавени гласачи во вториот круг од претседателските избори. Гласањето е при крај, се одвива непречено и без никакви проблеми - истакна потпретседателот на ОИК Куманово, Ајрула Керими.

    Во Куманово утре ќе се гласа на 167 избирачки места, а гласачкиот материјал е соодветно обезбеден.

    Осум болни и изнемоштени лица кои претходно поднеле барање до Државната изборна комисија денеска го остварија своето право на глас, инфомираше Драган Јовановски, претседателот на ОИК Старо Нагоричане.

    Утре право на глас во Oпштината Старо Нагоричане ќе имаат вкупно 3.329 лица, покрај четворицата осуденици кои своето право на глас ќе го остварат денеска во казнено-поправните установи каде ја извршуваат санкцијата.

    На 30 избирачки места во Општина Липково утре своето право на глас за нов претседател ќе можат да го остварат вкупно 25.360 лица, информираше Лирим Јашари, претседател на тамошната Општинска изборна комисија.

    Денеска на подрачјето на Липково не е реализирано гласање на болни и изнемоштени лица, затоа што претходно до ДИК ниту еден гласач не поднел такво барање.