500x100-1
23. 10. 2010 12:26

Во Куманово над 6000 семејства гладни

Во Куманово над 6000 семејства гладни

 Во Куманово над 6000 семејства  секојдневно се борат за да се прехранат или над 20 илјади жители се на работ на егзистенција. Нивниот број е можеби и поголем со оглед на тоа што дел од вработените со месеци не земаат плата, а не се регистрирани во Центарот за социјални работи.

Неделата на борба против гладта, општинскиот Црвен крст ја одбележа со повеќе хуманитрани акции и собирање на помош за социјално загрозените семејства.

Во изминатите денови на граѓаните продававме жетони во вредност од 20 денари. Со обезбедените сретства купивме храна која е донирана на најсиромашните семејства. Истовремено на 1100 фирми од градот испративме писма во кои бараме секоја во согласност со своите можности да донира не помалку од 600 денари. Со овие сретства ќе се обезбедат прехрамбени пакети за потребите на социјлно најзагрозената група на граѓани - вели Иле Митковски, секретар на Црвениот крст.

Волонтерите на Црвениот крст спровеле и акција за собирање на облека, при што се собрани 500 килограм облека од која поголемиот дел ја донирале вработените во Телеком Куманово.


Во Куманово над 6000 семејства гладни