×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово најбучно кај Зеленото пазарче и во „Серава“

    10.08.2018 11:19 | KumanovoNews

     Куманово е бучен град, бидејќи се користат сирени на возилата, стари автомобили, мотори со голема брзина, култиватори, разглас на верските објекти, а и менталитетот ни е таков, разговараме гласно и се довикуваме преку улица, велат стручњаците кои ја следат бучавата во градот.

    Во Куманово најбучно кај Зеленото пазарче и во „Серава“

    Зголемена е бучавата во градот, според  резултатите на Центарот за јавно здравје Куманово.

    Најголема бучава во Куманово, преку цел ден, има на крстосницата на булеварот „Окомвриска револуција“ и улиците „Иво Лола Рибар“ и „Ѓорче Петров“, поточно кај Зеленото пазарче.

    Мерењата се  извршени на почетокот на јуни и покажале дека средната вредност на комуналната бучава во овој дел на градот за едно деноноќие изнесува 76 децибели и има отстапувања за 16 децибели, бидејќи дозволената граница е 60 децибели.  Како преку ден, така и ноќе овде се измерени високи 70 децибели, а нормалната бучава изнесува 55 децибели.

    Втора на црната листа по бучава е раскрсницата на улиците „Трета МУБ“, „Бајрам Шабани“ и “Гоце Делчев“, во Серава, каде е измерена целодневна бучава од 73 децибели, а потоа следуваат раскрсниците кај основното училиште “Крсте Мисирков“, „Уред“ и Болницата со 72 децибели, додека кај Музичкото училиште се измерени 69 децибели. Таму во еден момент од мерењето во текот на денот е регистрирана максимална вредност од 92 децибели.

      „Куманово е бучен град. Возачите многу често користат сирени на возилата, возат стари автомобили, возат мотори со голема брзина, култиватори, користат мотори за сечење дрва, користат разглас на верските објекти, а сето тоа допринесува да се зголеми бучавата. И како народ и во менталитетот ни е да сме бучни. Разговараме гласно, а многу луѓе имаат навика да се довикуваат и да разговараат преку улица, - вели докторка Мимоза Величковска, специјалистот по комунална хигиена.

    Граѓаните се жалат дека им смета бучавата во градот и аплираат до надлежните да ги казнат прекшителите на законот. Тие велат дека ако испитувањето било спроведено во почетокот на јуни и имало толкави отстапувања од дозволените вредности, сега во летниот период тие се повеќепати зголемени,бидејќи е зголемена фрекфенцијата на возила и луѓе во градот.

    Најтивко и најпријатно за живеење без бучава е во населбата „Гоце Делчев“, како и во Тоде Мендол, кај Мини Маркет, покажало испитувањето.

     Центарот за јавно здравје  Куманово двапати во годината, на пролет и во есен, врши мерење на бучавата на 10 сообраќајници во градот.