500x100-1
12. 08. 2010 15:04

Во Куманово нема болни од СИДА, но има преносливи болести

Во Куманово нема болни од СИДА, но има преносливи болести

Две лице заболени од СИДА биле регистрирани во последните 5 години во Куманово. Од нив едното починало, а другото се преселило и живее во странство.

Првиот случај на заразен од СИДА во Куманово беше регистриран во 2005 година и заболениот почина истата година, а другиот моментално е надвор од државата. Засега немаме нови заболени од оваа болест - вели ептдемиологот Јадранка Стаменковска.

Од Центарот за јавно здравје кажуваат дека во последно време во пораст се сексуално преносливите инфекции.

Во текот на јуни на ниво на државата, пријавени се три случаи на лица со инфекција со хламидија, каде што за жал сите заболени се од Куманово - вели Стаменковска.

Од Центарот за јавно здравје велат дека секој вторник и четврток од 9 до 12 часот организираат предавање од гинеколог кој ги советува и одговара на сите прашања од страна на заинтересираните лица поврзани со сексуалните преносливи болести и инфекции што е поврзано со репродуктивното здравје. Бесплатно се делат и средства за контрацепција и кондоми. Во составот на Центарот за јавно здравје веќе три години постои советувалиште за доброволно анонимно тестирање од ХИВ.

Во Куманово нема болни од СИДА, но има преносливи болести