×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово одбележан Денот на независноста на Македонија

    08.09.2018 11:17 | KumanovoNews

    Со положување цвеќе пред Споменикот  жена борец на Градскиот плоштад, денеска во Куманово беше одбележан Денот на независноста на Република Македонија.

    Во Куманово одбележан Денот на независноста на Македонија

    Пред споменикот се поклонија делегации од Сојузот на борците, Општината, Советот, политички партии, јавни претпријатија, училиштата, невладините организации и граѓани.

    Претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска им го честиташе празникот на граѓаните и потсети дека на овој ден, пред дваесет и седум години вековниот стремеж на нашиот народ за сопствена, самостојна и независна држава се преточи во реалност.

    - Макотрпната борба на генерации и генерации комити, илинденци, партизани и многу други борци, да се биде свој на своето, независен и признаен од светот, се заокружи со една мудра одлука донесена од граѓаните на нашата татковина, на 8. септември 1991 година. Некои соништа никогаш не го здогледуваат светлото на денот, но ова беше и сон и јаве,  мотив за опстанок и активизам на многу наши револуционери и творци. Дваесет и седумгодишното чекорење по патот на независноста и слободата, беше пат на предизвици и бариери, справување со заканите на современието, но и пат на нови дострели во сите сфери  на државното организирање и живеење. Мерка за нашиот патриотизам се нашите дела, нашиот напор за среќата и слободата на секој поединец и сите заедно, а не празни зборови во вакви или слични пригоди. Градиме едно општество за сите, во кој правдата и просперитетот се подеднакво достапни за секој. Време е Македонија да испише нова страница во  својата  историја и забрзано да продолжи по патот кон посветла иднина, - рече меѓу другото во своето обраќање Мургашанска.  

    Таа ги повика граѓаните на 30. септември да гласаат за место во Европската Унија, за да Македонија застане рамо до рамо, рамноправна со најсилните земји на светот и членките на НАТО.