×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вo Куманово одбиле да прегледаат пациент со хепатит Ц

    12.10.2017 11:58 | KumanovoNews

    Лице кое се лекува со метадонска терапија за хепатит Ц, било дискриминирано од јавната установа Здравствен дом Куманово, која одбила да го прегледа и да му даде лекарско уверени за полагање возачки испит категорија Б.

    Вo Куманово одбиле да прегледаат пациент со хепатит Ц

    Дискриминацијата врз здравствена основа и припадност на маргинализирана група ја утврди Комисијата за заштита од дискриминација, а по претставка од Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, пренесува СДК.мк.

    „Здравствен дом Куманово без почитување на претходно утврдената процедура, усно одбила да го услужи лицето, претпоставувајќи дека инјектира дрога, како генерален заклучок врз основа на препишаната терапија за хепатит Ц, без притоа да се информира за неговата состојба“, велат од Колацијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници.

    Лицето е на метадонски третман од мај 2000 година. Според Коалицијата тоа редовно и дисциплинирано ја зема терапијата, а работи и вложува во своето образование и реинтеграција во општеството.

    „Според мислењето на д-р Дарко Костовски, психијатар од Градската општа болница ‘8-ми септември’ во Скопје, како и според правилниците и препораките, оние лица кои се стабилни на редовен метадонски третман, можат непречено да управуваат со моторно возило и земјоделски машини. Опасноста постои ако терапијата не се зема редовно, а таквата опасност е исклучена во горенаведениот случај“, велат од Колацијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници.

    Од Комисијата за заштита од дискриминација велат дека во случајов станува збор за директна дискриминација, бидејќи лицата кои не се носители на вирусот на хепатит Ц, може да добијат комплетен лекарски преглед и констатирање во лекарското уверение за способност или неспособност за управување со моторно возило.

    „Редовно имаме случаи каде лицата кои употребуваат дрога се предмет на стигматизација и дискриминација во здравството. Од здравствените работници се очекуваа да знаат дека луѓето на метадонска терапија слободно можат да управуваат со моторни возила, ако редовно примаат правилно администрирана терапија. Здравствениот систем треба да помага при лекувањето и ресоцијализацијата на луѓето, кои се лекуваат од опијатна зависност, а не да биде првата пречка со која се соочуваат во процесот на реинтеграција“, вели Драгана Дрндаревска, правна советничка во Коалицијата СЗПМЗ.

    Коалицијата бара од Министерството за здравство и Државниот здравствен и санитарен испекторат да ги информира здравствените работници за мислењето на КЗД и да преземат мерки за да нема дискриминација на луѓето кои употребуваат дроги.