×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово отворен првиот Центар за заштита од сексуално насилство

    14.07.2018 12:20 | KumanovoNews

    Во Куманово денеска беше отворен првиот Центар за заштита од сексуално насилство во државата.

    Во Куманово отворен првиот Центар за заштита од сексуално насилство

    Центарот ќе биде сместен во поранешните простории на хируршкото одделение во Општата болница, а ќе го опслужуваат обучени тимови од гинеколози, психолози, социјален работник и други здравствени работници.

    „Кординатор на центарот ќе биде главната сестра на болницата, која ќе има задача по пријавување на ваков случај во гинеколошката амбуланта или ургентниот центар, да го собере целиот тим и на едно место во исто време жртвата да добие здравствена, психолошка, правна, безбедносна и социјална помош. Драго ми е што успејавме за краток период, со помош на сите релевантни чинители да направиме еден ваков центар. Искрено се надевам дека ќе биде што помал бројот на жртвите, но тоа ќе значи секако и подигање на свеста, победување на стравот и  срамот што жртвата обично го има, бидејќи оној што треба да се срами е починителот на ваквото дело“,- изјави  Снежана Захариева, директорката на Општата болница Куманово.

    Покрај Куманово, вакви центри ќе добијат и Скопје и Тетово, на иницијатива на УНДП и УНФПА, а вредноста на проектот е 400.000 американски долари.

    „Кога ги споредувавме условите кои ги предвидува Истанбулската конвенција и она што во реалноста постои во Македонија, навистина бевме шокирани што во државата нема ни еден центар каде што жртвите на сексуалното насилство можат да се обратат, да добијат здравствена заштита и да бидат сослушани од полицијата. Наместо да добијат помош и подршка на едно место, жртвите досега мораа да патуваат на различни места да одат во различни канцеларии и постојано да ја раскажуваат истата приказната што им се случило и да се чувствуваат понижени, да не им се верува, а некојпат и да се чувствуваат виновни за чинот што се случил против нив, - изјави Лујза Винтон, постојан претставник на УНДП во Македонија, на отварањето на центарот.

    Таа додаде дека токму тоа е причината поради која многу мал број на жени се решаваат да го пријават сексуалното насилилство, а тоа не значи дека тоа не постои.

    Градоначалникот Максим Димитриевски, во име на граѓаните се заблагодари на УНДП и Владата што одлучи проектот да започне од Куманово.

    „Верувам дека проектот ќе даде допринос жртвите на сексуално насилство од Општината и регионот да најдат место каде ќе можат да го пријават и да предочат дека такво нешто се случува. Се надевам дека овој дневен центар ќе даде допринос оваа табу тема да се афирмира во јавноста и бројот на жртвите од семејно насилство да се намали, - изјави Димитриевски.

    Проектот е меѓусекторски и подржан е од министерствата за труд и социјална политика, здравство, МВР, УНДП, УНФПА и граѓанската организација ХЕРА. На отварањето присуствуваа министрите Оливер Спасовски, Мила Царовска, Венко Филипче, кои посакаа центрите да имаат многу малку работа, и апелираа да се подигне свеста кај граѓаните за намалување на секаков вид на насилство во семејството.

    „Центрите ќе работат согласно критериумите на Советот на Европа, ОН стандардните, а оперативните процедури ќе се донесат следната недела на седница на Влада. Искрено се надевам дека овие центри ќе имаат многу малку работа, ние сме посветени на борбата против насилството, но во исто време се спремни на соодветен начин согласно светските криетриоуми одговориме и дадеме соодветен третман на овие жртви“, - изјави министерот Филипче.

      Министерката Мила Царовска вели дека  ова е само првиот чекор да се покаже дека  Владата е навистина  спремни да се бори со насилството во нашето општество.

    „Токму во овие три центри ќе понудат заштита од сексуално насилство, но многу е важно дека Владата посветено работи и на другите пакети на услуги против сите форми на насилство во скопскиот регион.  Продолжуваме понатаму, бидејќи сите региони во нашата држава треба да го добијат тој минимум пакет на услуги, затоа што секоја жена и секоја девојка треба да се чувствува безбедно во своето место на живеење“ , - изјави  Царовска.

     Министерот Спасовски, смета дека отварањето на центрите значи заштита на жртвите на сексуално насилство, борба против сексуалното насилство, меѓутоа и помош не само жртвите да застанат на нозе туку и да чекорат напред.

    “Се надевам дека ќе имаме сериозен успех и ќе ја подигнеме свеста кај граѓаните да соработуваат и да ги пријавуваат ваквите настани. МВР е и ќе биде и понатаму еден од партнерите коишто сериозно ќе помогне во оваа борба за заштита на жртвите на сексуално насилство, а се надевам дека понатаму ќе имаме можност да работиме и на другите пакети, кои генерално ја јакнат свеста кај македонските граѓани, а ќе ги примениме европските вредности во државата“, - изјави Спасовски.

    На отварањето на Центарот присуствуваа голем број на гости од државата и градот.