×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово постои тим за заштита од трговија со луѓе

    18.10.2018 08:46 | KumanovoNews

    Во Куманово е формиран мобилен тим на професионалци од Центарот за социјална работа, Министерството за внатрешни работи и Македонското здружение на млади правници, посветени кон идентификација, превенција и поддршка на ранливите групи на граѓани, вклучително и жртви на трговија со луѓе.

    Во Куманово постои тим за заштита од трговија со луѓе

    - Доколку чувствувате дека некој ве присилува, злоупотребува или на било каков начин принудува да правите нешто против ваша волја, или сте сведок на нешто слично, обратете се во Центарот за социјални работи од каде што ќе ве поврзат со претставниците на мобилниот тим, - соопштуваат од тимот.

     Денеска се одбележува 18 Октомври - Европски ден на борбата против трговија со луѓе. На овој ден посветен на борбата против трговијата со луѓе, секој има должност да пријави доколку има било какви сомнежи дека се случува трговија или експлоатација. Не само што со тоа придонесувате кон превенција на ваквиот криминал, туку и активно учествувате во спасување на човечки животи.

    Трговијата со луѓе е растечки феномен и еден од највносните криминални бизниси во светот, а Македонија не е исклучена. Трговијата со луѓе е злосторство кое е родово; примарните жртви се жени и девојчиња, но и бројот на жртви на трговија со луѓе и момчиња се зголемува. "Глобалниот извештај за трговија со луѓе 2016" на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал укажува на тоа дека жените сочинуваат 51% од тргуваните лица, мажите 21%, девојчињата 20% и момчињата 8%.

    Животот на повеќе од 21 милион луѓе низ светот се присилени да работат нешто што не сакаат и живот им е под постојана опасност и ризик, а најголемиот број од нив се жени и деца. Тие се жртви на трговија со луѓе. Трговијата со луѓе не е далеку од нас и нашето опкружување. Тоа е сурова реалност која е поблизу од она што сакаме да го видиме.