×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово промовиран проектот „Женско претприемништво за конкурентност“

    14.05.2018 18:47 | KumanovoNews

     Во Куманово денеска беше промовиран проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“, финансиран преку ИПА програмата од Европската Унија, спроведуван од ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска и Здружението на бизнис жени.

    Во Куманово промовиран проектот „Женско претприемништво за конкурентност“

    Проектот  предвидуваат обуки, во осумте плански региони, преку нестереотипна и иновативна програма за кодирање, со кои ќе бидат опфатени минимум 500 средношколци. Преку проектните интервенции и ресурси ќе се овозможи поддршка со обуки за нови технологии, ICT/STEM/Green/Social, стартап, извоз и кластеринг, на 150 потенцијални старт - ап жени и девојки, а преку повратни информации и менторство, понатаму ќе произлезат и најмалку 15 нови бизниси на жени. Во тек на проектната реализација ќе биде воспоставен и достапен за пристап и употреба WE MAKE веб портал, кој предвидува функционален виртуелен инкубатор, хуб за извоз и за онлајн тренинзи, како и редовно информирање на сите заинтересирани, постоечки и потенцијални претприемачки, за сите новини и отворени можности.

    Проектот треба да придонесе кон зголемување на конкурентноста на економијата во земјата, преку поддршка на различен екосистем за претприемништво, вклучувајќи ги жените и граѓанското општество.

    Исто така, подразбира и поддршка на жените претприемачки за вмрежување, извоз и кластеринг, како и поврзување со институциите и граѓанските организации во избраните општини од осумте плански региони, каде проектот се реализира: Битола, Струга, Велес, Тетово, Куманово, Штип, Струмица и Скопје.

    Проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“ ќе трае 16 месеци.